“Заедно ја градиме Вашата визија“ – слоган кој стана синоним една компанија, која и тогаш кога започнуваше пред точно 20 години веруваше во иднината, а и денес кога прослави две децении постоење, што е само потврда дека вистински ја граделе визијата на бројни личности, семејства и комапнии. Позади нив се капитални објекти и инвестиции кои се симбол на едно време.
Вчера со голема прослава, “БВ инженеринг“ за своите вработени, деловни партнери, пред семејствата и пријателите го одбележаа својот 20 годишен јубилеј. Се започна во сега далечната 2002 година, на тој 1 јЈуни, кога Борче Неделковски, основач на “БВ инженеринг“, реши да се впушти во водите на приватниот бизнис, напуштајќи ја сигурната позиција како градежен инженер во една позната градежна компанија, гигантот ГП “Пелистер“.
Ова е уште еден светол пример, како излегување од зона на комфор, кај храбрите луѓе резултира со искачување неколку скалила повисоко во животот.
1 јуни за оваа компанија е важна дата, дата кога е формирана првата од редица компании кои потоа следуваа, под капата на “БВ инженеринг“, а која во континуитет 20 години бележи раст и успеси.
-“БВ Инженеринг“ е лидер компанија во секторот на градежништвото. Континуираниот раст и развој на компанијата се должи на професионалниот пристап и посветеност на задачите на целиот тим на компанијата. Меѓутоа на тој старт, пред точно 20 години, никој не можеше да предвиди дека “БВ инженеринг“ ќе биде само една од редицата комапнии, под капата на “БВ“, попрецизно 13 компании кои го сочинуваат “БВ Бизнис груп“ денес. И јас сум благодарен на мојот син, кој мојата визија не само што ја продолжи и потврди, туку ми покажа дека може и повеќе од тој мој првичен сон, истакна Борче Неделковски пред присутните гости при примањето на плакетата од неговиот син во име на комапнијата.
Денес “БВ“ е бизнис групација, која е инвестициски фонд за 13 компании меѓу кои е и првата компанија БВ инженеринг од која започна се. Тие се една од најкрупните бизнис групации во овој дел на Македонија која делува во повеќе индустрии: градежништво, енергетика, нови технологии, едукација и угостителство. Иницијалите остануваат, а збирот се множи со бројни успешни бизнис приказни.
Извор: Bitola news