Доизградба на детска градинка во Општина Битола

Ако треба да избереме само еден проект од кампањата “25 проекти во 2025” на кој работевме со посебна одговорност со цел да оставиме безвременска вредност е доизградба на детска градинка во Битола. Се водевме од најсилната точка на поврзување на градот и новите генерации. Една запишана мудра мисла вели ”Детскиот живот е како лист хартија на кој секој остава белешка”.
Нашата белешка е само еден мал допринос на нивните темели на иднината и развојот на детската личност.

23 години на стабилни темели кои носат успех!

Напредок на терен: Изградбата на Archome станбениот комплекс во Куманово

Неверојатен е патот од идеја до крајна реализација. Уживаме во секоја етапа на работниот процес. Преку видеото во продолжение погледнете како напредуваат активностите на терен на изградба на станбен комплекс Archome на Si Business Group во Куманово. Сигурно кон нашата цел!

Стартува новата градежна сезона: Кампања ‘25 проекти во 2025’ со бетонирање на X5 објектот

 Водејќи се од нашиот слоган “Градењето е наш предизвик” со започнувањето на новата градежна сезона, стартуваше кампањата “25 проекти во 2025”. Од нашите активности на терен, вака изгледа процесот на бетонирање на станбениот објект X5 на BV Business Group.

Комплетниот каталог можете да го погледнете на нивната официјална страна www.bvgroup.mk.

Бв Инженеринг, 23 години на стабилни темели кои носат успех!

Нова фасада за подобри училишни услови: ООУ ‘Стив Наумов’ добива современ изглед

Од кампањата “25 проекти во 2025” Ви го претставуваме проектот на изведба на нова фасада во ОУ “Стив Наумов” во Битола. Целта е подобри услови за настава за сите ученици во ова училиште.

Бв Инженеринг, градењето е наш предизвик!

Тековен проект : Реконструкција на коловоз на дел од улица “Бурса” во Битола (од спој со улица “Македонска фаланга” до спој со новопроектирана улица “Индустриски пат”)

Тековен проект : Реконструкција на коловоз на дел од улица “Бурса” во Битола (од спој со улица “Македонска фаланга” до спој со новопроектирана улица “Индустриски пат”)

Тековен проект : Реконстукција на линиска инфраструктурна градба на улица 8 Септември

Реконстукција на линиска инфраструктурна градба на улица “8 Септември” и
тоа :
-Реконструкција со доградба на коловоз L=840,00м.
-Изградба на атмосферска канализација.
-Реконструкција со дислокација на мешовита канализација на дел од улицата L=732,30м.
-Изработка на куќни приклучоци на мешовита канализација L=87,87м.
-Реконструкција со дислокација и изградба на водоводна мрежа на дел од улица “8 Септември”.
-Изградба на улично осветлување на дел од улица “8 Септември“ во Битола.