ЗА НАС

БВ Инженеринг ДООЕЛ Битола е градежна компанија основана на 01.06.2002. Нашата цел е работа според најсовремените стандарди. Од самите почетоци, на нашите клиенти им обезбедуваме сигурни решенија за нивните најсложени градежни предизвици, водени од целта  да имплементираме иновативни техники за управување со проекти, и изразена карактеристика како сигурен изведувач на градежни  решенија водени од врвни професионалци.

НАШИТЕ ЦЕЛИ:

Основната цел ја постигнуваме преку реализација на следните определби:

  • Системско управување на процесите;
  • Рационална употреба на ресурсите;
  • Професионален однос на персоналот;
  • Партнерство со купувачите и добавувачите;
  • Постојан развој на свеста на персоналот за одговорност за извршување на барањата на купувачите и достигање на бараниот квалитет на производите и услугите;
  • Почитување на техничките и законските прописи.

ГРАДЕЊЕТО НА НАШИОТ ПРЕДИЗВИК!

Визија

„Нашата визија е да  изградиме  традиција на доверба преку посветеност, соработка, задоволство на клиентите и создавање на трајна вредност, за нас и идните генерации“

Мисија

„Нашата мисија е да испорачаме безбедни, одржливи, висококвалитетни проекти и услуги кои ги поддржуваат нашите основни принципи и вредности по највисоки стандарди на  етика, квалитет и безбедност”.

БВ Инженеринг ДООЕЛ е компанија која нуди комплетни услуги од областа на градежништвото. Во нашето работење е вплотено целокупното искуство и знаење на нашиот тим стекнати при изградбата на различни типови на објекти. Со нашиот стручен кадар и опремата со која располагаме подготвени сме да излеземе во пресрет на секаков тип на задачи и предизвици поставени пред нас од страна на клиентите. Квалитетот на извршените работи и запазувањето на договорените рокови се врвни приоритети во нашето работење.