BV Business Group златен спонзор на третото издание на “Македонскиотконгрес за патишта 2025

Слоганот  на овогодишното издание ќе биде “Градиме подобри патишта, за побезбедна иднина”. Научници, професори и експерти од областа на патишта од Македонија и Европа најавија учество што е можност за размена на позитивни искуства и знаења. Дел од темите ќе бидат : планирање и проектирање, управување, изградба и одржување, безбедност на сообраќајот на патиштата, заштита на животната средина и одржлив развој, инфраструктурни објекти, транспортна политика и финансирање, ITS и нови технологии во сообраќајот, примена на вештачката интелигенција во патната инфраструктура, слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти и останати видови на сообраќај (железнички, воздушен, воден и интернет) status, projects and development prospects.

БВ ИНЖЕНЕРИНГ спонзор на 21 издание на Меѓународниот Симпозиум

БВ ИНЖЕНЕРИНГ беше спонзор на 21 издание на Меѓународниот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија кој се одржа од 24 до 27 септември во Охрид, под мотото “Градежно конструкторство – без ограничувања”.

БВ ИНЖЕНЕРИНГ на штандот имаше специјалниот изложбен простор со цел подобро запознавање, вмрежување и остварување соработка со сите учесници од земјата и странство.

Дигиталната ера забрзано ги поместува границите на човечкото делување. Како тоа се одразува и ќе се одразува на нашата професија разменивме сознанија и искуства со домашни и светски експерти. Се запознавме и со научни и стручни трудови кои го збогатија нашето знаење и го променија погледот на нашата дејност денес.

Доизградба на детска градинка во Општина Битола

Ако треба да избереме само еден проект од кампањата “25 проекти во 2025” на кој работевме со посебна одговорност со цел да оставиме безвременска вредност е доизградба на детска градинка во Битола. Се водевме од најсилната точка на поврзување на градот и новите генерации. Една запишана мудра мисла вели ”Детскиот живот е како лист хартија на кој секој остава белешка”.
Нашата белешка е само еден мал допринос на нивните темели на иднината и развојот на детската личност.

23 години на стабилни темели кои носат успех!

БВ Инженеринг на градежниот симпозиум во Охрид

БВ Инженеринг ќе биде бронзен спонзор на 21 издание на Меѓународниот Симпозиум на друштвото на градежни конструктори на Македонија кој ќе се одржи од 24 до 27 септември во Охрид, под мотото “Градежно конструкторство – без ограничувања”.

На симпозиумот ќе гостуваат избрани светски експерти кои ќе отворат прашања, ќе дадат размислувања и ќе се потрудат да пронајдат одговори како новите дигитални технологии ќе ја реобликуваат нашата професија.

БВ Инженеринг ќе има свој штанд на специјалниот изложбен простор со цел подобро запознавање, вмрежување и остварување соработка со сите учесници од земјата и странство.

Бв Инженеринг, 23 години на стабилни темели кои носат успех!

Напредок на терен: Изградбата на Archome станбениот комплекс во Куманово

Неверојатен е патот од идеја до крајна реализација. Уживаме во секоја етапа на работниот процес. Преку видеото во продолжение погледнете како напредуваат активностите на терен на изградба на станбен комплекс Archome на Si Business Group во Куманово. Сигурно кон нашата цел!

Стартува новата градежна сезона: Кампања ‘25 проекти во 2025’ со бетонирање на X5 објектот

 Водејќи се од нашиот слоган “Градењето е наш предизвик” со започнувањето на новата градежна сезона, стартуваше кампањата “25 проекти во 2025”. Од нашите активности на терен, вака изгледа процесот на бетонирање на станбениот објект X5 на BV Business Group.

Комплетниот каталог можете да го погледнете на нивната официјална страна www.bvgroup.mk.

Бв Инженеринг, 23 години на стабилни темели кои носат успех!

Нова фасада за подобри училишни услови: ООУ ‘Стив Наумов’ добива современ изглед

Од кампањата “25 проекти во 2025” Ви го претставуваме проектот на изведба на нова фасада во ОУ “Стив Наумов” во Битола. Целта е подобри услови за настава за сите ученици во ова училиште.

Бв Инженеринг, градењето е наш предизвик!

Дел од вработените на БВ Инженеринг посетуваа стручна доквалификација.

Преку овој процес на учење на нови вештини во тековната работа, БВ
Инженеринг вложува во својот кадар кој е носител на сите успеси на
компанијата.

Бв Инженеринг – Градењето е наш предизвик!

БВ Инженеринг дел од изложбениот центар во Минхен Германија

,Од 7 до 13 април во изложбениот центар во Минхен Германија, се одржа
34-то издание на водечкиот светски саем за градежни машини, материјали,
машини за рударство, возила и градежна опрема “Баума 2025.
Дел од инженеркиот тим за нискоградбa на БВ Инженеринг беа дел од овој
голем светски настан каде се зборуваше за теми како дигиталното
градилиште до алтернативните погони и утрешните методи на градба, а беа
претставени и иновативни решенија.”

БВ Инженеринг-ги избра победниците од литературниот конкурс „Битола во срце те носиме“

Bv Business Group како општествено одговорна компанија, по повод одбележување на 4ти Ноември- Роденденот на нашата Битола, за прв пат организираше литературен конкурс на тема – “Битола, во срце те носиме”.

Повеќе “БВ Инженеринг-ги избра победниците од литературниот конкурс „Битола во срце те носиме“”