БВ Инженеринг на градежниот симпозиум во Охрид

БВ Инженеринг ќе биде бронзен спонзор на 21 издание на Меѓународниот Симпозиум на друштвото на градежни конструктори на Македонија кој ќе се одржи од 24 до 27 септември во Охрид, под мотото “Градежно конструкторство – без ограничувања”.

На симпозиумот ќе гостуваат избрани светски експерти кои ќе отворат прашања, ќе дадат размислувања и ќе се потрудат да пронајдат одговори како новите дигитални технологии ќе ја реобликуваат нашата професија.

БВ Инженеринг ќе има свој штанд на специјалниот изложбен простор со цел подобро запознавање, вмрежување и остварување соработка со сите учесници од земјата и странство.

Бв Инженеринг, 23 години на стабилни темели кои носат успех!

Напредок на терен: Изградбата на Archome станбениот комплекс во Куманово

Неверојатен е патот од идеја до крајна реализација. Уживаме во секоја етапа на работниот процес. Преку видеото во продолжение погледнете како напредуваат активностите на терен на изградба на станбен комплекс Archome на Si Business Group во Куманово. Сигурно кон нашата цел!

Стартува новата градежна сезона: Кампања ‘25 проекти во 2025’ со бетонирање на X5 објектот

 Водејќи се од нашиот слоган “Градењето е наш предизвик” со започнувањето на новата градежна сезона, стартуваше кампањата “25 проекти во 2025”. Од нашите активности на терен, вака изгледа процесот на бетонирање на станбениот објект X5 на BV Business Group.

Комплетниот каталог можете да го погледнете на нивната официјална страна www.bvgroup.mk.

Бв Инженеринг, 23 години на стабилни темели кои носат успех!

Нова фасада за подобри училишни услови: ООУ ‘Стив Наумов’ добива современ изглед

Од кампањата “25 проекти во 2025” Ви го претставуваме проектот на изведба на нова фасада во ОУ “Стив Наумов” во Битола. Целта е подобри услови за настава за сите ученици во ова училиште.

Бв Инженеринг, градењето е наш предизвик!