Bv Business Group како општествено одговорна компанија, по повод одбележување на 4ти Ноември- Роденденот на нашата Битола, за прв пат организираше литературен конкурс на тема – “Битола, во срце те носиме”.
Во истиот, учество зедоа 83 ученици од основните и средните училишта во Битола, Могила и Новаци. Охрабрени од успехот кој го постигна ликовниот конкурс “Екологијата во моето опкружување” чија цел беше да се постигне поголема свесност за околината во која живееме, Bv Business Group одлучи да ги поттикне најмладите битолчани да ја искажат преку поезија и проза љубовта за градот во кој живеат. Градот кој останува за нив и за генерациите кои доаѓаат, кои го одржуваат овој гр
ад жив.
Охрабрени од успехот кој го постигна ликовниот конкурс “Екологијата во моето опкружување” чија цел беше да се постигне поголема свесност за околината во која живееме, Bv Business Group одлучи да ги поттикне најмладите битолчани да ја искажат преку поезија и проза љубовта за градот во кој живеат.
Победниците ги избраа професорите по македонски јазик и литература Бисера Бијелиќ Стојчевска, Симона Петревска и Никола Трајковски.
Во категорија од VI – IX одд , I награда доби песната на Јана Китановска 9 одд ,,ОУ Кирил и Методиј”.
Во категорија од I – IV год., I награда доби расказот на Нектарија Илиевска, прва година – приватно средно училиште САБА.
Додека, според гласањето на нашата Facebook страна наградата ја добива Анастасија Паревска од ОУ – “Тодор Ангелевски”, Битола.
Bv Business Group сака да искаже огромна благодарност до сите ученици и нивните ментори за учеството во овој литературен конкурс. Сите присутни на доделувањето на наградите, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат на настанот, истите ќе добијат благодарници за учеството и менторството. Ви благодариме за промовирањето на правите вредности како се сака Битола.
Објавено на: Апла