Политиката за управување на квалитетот и заштита на животната средина на БВ ИНЖЕНЕРИНГ – Битола, е заснована на посветеноста на целиот персонал кон задоволување на потребите и очекувањата на купувачите преку следните постулати:
- Исполнување на барањата и задоволството на нашите клиенти, преку производство на квалитетен производ, согласно на барањата по национални и меѓународни стандарди;
- Добавувачите како партнери, ги избираме со оценување на нивната способност, да ги исполнуваат нашите барања, во однос на производство на квалитетни производи и заштита на животната средина;
- Вработените на БВ ИНЖЕНЕРИНГ – Битола се сржта на организацијата, затоа Раководството, својата визија и целите на организацијата, ги исполнува преку нивната компетентнст, знаење и искуство;
- Постојаното подобрување на Интегрираниот Систем за управување со квалитет и заштита на животната средина, го посигнуваме врз основа на анализа на процесите за реализација и аспектите врз животната средина, исполнување на барањата на нашите клиенти, деловни партнери, вработени и околината;
- Обучување и подигање на свеста на вработените за превентивно делување и постојано подобрување на квалитетот и на заштитата на животната средина;
- Идентификување на аспекти, контролирање и мерење на сите значајни аспекти кои имаат штетно влијание на животната средина;
- Реализирање на работните задачи согласно важечките закони и прописи на животната средина;
- Постојано ги информираме деловните партнери и други заинтересирани страни за определбата за заштита на животната средина.
НАШЕТО МОТО Е:
ГРАДЕЊЕТО Е НАШ ПРЕДИЗВИК !!!
ГРАДЕЊЕТО Е НАШ ПРЕДИЗВИК !!!