За нас

Друштвото за градежништво, производство и улуги БВ Инжинеринг ДООЕЛ е основано на 01.06.2002 година и од тогаш бележиме континуиран раст и успех на полето на градежништвото. Нашиот подем се темели на професионалниот пристап и максималната посветеност на задачите на сите вработени во компанијата.Основна цел ни е постигнувањето на препознатлив квалитет на производот/услугата, постојано реализирање на барањата и очекувањата на клиентите преку квалитетна извеба и задоволување на сите технички стандарди и законски прописи. Основната цел ја постигнуваме преку реализација на следните определби:

  • системско управување на процесите;
  • рационална употреба на ресурсите;
  • професионален однос на персоналот;
  • партнерство со купувачите и добавувачите;
  • постојан развој на свеста на персоналот за одговорност за извршување на барањата на купувачите и достигање на бараниот квалитет на производите и услугите;
  • почитување на техничките и законските прописи.

Организацијата има воспоставено цврсти деловни односи со добавувачите на градежни материјали и услуги со што целосно се заокружуваат неопходните потреби при изведување на било каков тип на градежни работи.